Доживејте го Охрид преку неверојатната глетка од ресторанот која го одзема здивот, чувствувајте се како дома во една од нашите уникатно дизајнирани соби или уживајте во релаксирано попладне во барот со вкусно кафе испечено во нашата сопствена кафе-пржилница.
Замижете за миг. И замислите да се разбудите со поглед што ви го одзема здивот, секој пат кога ќе го доживеете, наново и наново. Десно од вас , стариот дел на градот на дланка заедно со 13 вековното Канео и 12 вековната тврдина, пред вас поглед кон езерска шир во недоглед , лево од вас импозантаната Галичица со снег на врвовите се до јуни, а под нос уште еден поглед кон трската каде живеат и се мрестат лебедот и крапот .
Замислете да се разбудите со мирис од печилница на најквалитетно кафе, со доручек од органско овошје и зеленчук од локалниот пазар и тазе печен леб. Сето тоа сместено во исклучително софистициран амбиент облеано со светлина низ стаклото со индустриско –андалузиски архитектонски решенија, во еден од најсончевите градови на Балканот.
Замислете топлина на гостопримство како кај пријатели од памтивек, замислете дека пливањето и скокот во вода ви се на чекор пред врата, или изберете скок во кајче или брод за прошетка. Пропешачите само пет минути до градскиот плоштад и почетокот на стариот град.
Замислете си вечера со локално и европско мени, со избор на најфини македонски вина, во ресторанот на кровот со поглед каде веќе ги препознавате под звезденото небо осветлените патеки што сте ги минале дента. Или езерски капки и свежина што сеуште ги чувствувате од последното пливање.
Замислете организирање на сите ваши желби од возење точак, излети блиски или подалечни ,качување на Галичица, разглед на град,параглајдинг, некои повеќе, некои помалку авантуристички но сите направени само за вас, со невидена леснотија и професионалност.
Не замислувајте, остварете го вашиот сон и уживајте секој еден миг од денот и ноќта.
Нашето семејство со години напорно работи и вложува за да донесе квалитет во туристичката понуда во преубавиот Охрид, град заштитен од УНЕСКО како светско наследство. Како резултат на нашата пасија за патувања и желбата да донесеме уникатно патувачко искуство за секој гостин, го проширивме нашето Су Холдинг семејство со новиот Су Хотел. Од внатрешниот изглед на секоја соба, до внимателно избраните менија во ресторанот и барот, ние се потрудивме да ги пренесеме нашите срца во сѐ она што го правиме, нудејќи им го најдоброто на нашите гости.
Су Хотелот е лоциран на самиот брег од Охридското езеро, па нуди спектакуларен поглед на стариот град и познатите историски локалитети, како Самуиловата Тврдина и црквата Св. Јован Канео. Неговата идеална позиција, која е на само 10 минути оддалечена пешки од центарот, е одлична стартна позиција за истражување на Охрид.
Нашата приказна започна во 2001 година, кога на главниот плоштад го отворивме кафе барот „Галерија“, а продолжи со сега веќе надалеку познатите барови „Liquid“ и „Objectif“. Сите овие угостителски објекти сега се под капата на Су Холдинг семејството, кое исто така го вклучува и целосното работење со услугите за обезбедување на храна и пијалоци на Охридскиот Аеродром.
"The location is great, the menu is wonderful everything is delicious, the staff are very kind"
- Violeta
"Es ist gut zu wissen, dass hier eine Oase jedem Ohridbesucher neue Kraft verleihen kann. Aufmerksamer und dabei unaufdringlicher Service, ein hilfreicher Sommelier, Speisen vom Feinsten in erholsamem Ambiente.
Es gibt eine Skybar mit kleiner Terasse die einem einen kolossalen Ausblick auf die Stadt und den See verleiht."
- Kristijan
"The location is great, the menu is wonderful everything is delicious, the staff are very kind"
- Violeta